АМС повторно ќе дели 350 илјади евра на младинските екипи

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и во второто полугодие на 2018 година со12.000.000 денари ќе ги подржи активностите на младинските клубови.

Од АМС истакнуваат дека во рамките на своите програмски определби во првото полугодие распределиле 12.000.000 денари кои беа наменети за 250 младински прворангирани клубови, учесници во спортскиот систем на натпревари на 49 национални спортски федерации,а во согласност со ранг листа предложена од федерациите, врз основа на пласманот на екипите и остварените спортски резултати.

Да потсетиме дека тие пари (350 илјади евра) и беа одземени на Боксерската федерација на Македонија кои требаше да и бидат доделени како втора транша од Владата.

Дали и овој пат на ист начин ќе се делат пари?

Од АМС истакнуваат дека фокусот кон младинските категории и младите спортисти на Агенцијата и понатаму останува насочен со цел да ја зголеми мотивацијата кај младите спортисти, затоа и понатаму ќе ги поддржува да и помага на младите спортски надежи, со што ќе се потруди ваквите мерки да станат традиција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON