Светската допинг агенција (ВАДА) издаде соопштение во кое тврди дека Aмериканската антидопинг агенција низ годините дозволувала регистрирани позитивни спортисти на допинг да се натпреваруваат.
Со ова соопштение кое предизвика реакции во спортската јавност демантирани се тврдењата дека ВАДА издала одобрение за настап на овие спортисти со цел да се „откријат повеќе позитивни страни“.
„Има најмалку три случаи каде што спортистите извршиле сериозни прекршувања, но им било дозволено да продолжат да се натпреваруваат со години без да биде известена ВАДА и без никаква одредба со која се овластуваат таквите практики. Eден спортист кој беше дел од американските олимписки квалификации и меѓународни настани призна дека земал стероиди и ЕПО, но му се дозволи да се натпреварува“, стои во соопштението.
Натпреварувачот на кој не му се открива името си ги задржал паричните награди и не бил дисквалификуван, а неговите резултати останале да важат.
https://twitter.com/BenjaminNorton/status/1821665874568495187