Ален Амедовски (8-1, 0-1 УФЦ) е поразен во УФЦ дебито.
Првиот роден Македонец во најсилната светска ММА промоција загуби на Санкт. Петербург со убедлива едногласна одлука на Криштоф Јотко (20-4, 7-4 УФЦ).
Судиите мечот го бодуваа 30-25, 30-26, 30-26.
Амедовски во средината на првата рунда направи добар граунд и паунд, но кога се вратија на нозе доби незгоден удар со лакот од вртење кој го здрма. Потоа Полјакот и го уриваше.
Јотко беше уште подоминантен во втората рунда. Го соборуваше Амедовскипо минута и пол, го доведе во круцификс позиција и гадно го раскравави со ударите со лактот.
Полјакот го рушеше противникот и по осумдесет секунди од третата рунда и да ја контролира борбата до крајот на времето.
Јотко со овој успех ја прекина низата од три порази, додека на Амедовски ова му беше првиот пораз во кариерата.
УФЦ Санкт Петерсбург:
Алистер Оверим – Алексеј Олејник (ТКО, Р1)
Ислам Махачев – Арман Царукјан (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Сергеј Павлович – Марсело Голм (КО, Р1)
Роксан Модафери – Антонина Шевченко (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Криштоф Јотко – Ален Амедовски (едногласна одлука на судиите, 30-25, 30-26, 30-26)
Мовсар Еволоев – Сеунг Ву Чои (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 29-26)
Султан Алиев – Кеита Накамура (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Александар Јаковлев – Алекс да Силва (сабмишн, гилотина, Р2)
Шамил Абдурахимов – Марчин Тибура (ТКО, Р2)
Михал Олексејчук – Гаџимурад Антигулов (КО, Р1)
Магомед Мустафаев – Рафаел Физиев (ТКО, Р1)