Во неделата се одржаа првите мечеви на АИБА/AIBA квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Варгас во Венецуела.
На овој турнир професионални боксери за прв пат се натпреваруваат со аматери. И првиот ден аматер исфрли професионалец.
Пред 4000 гледачи во Хозе Марија Варгас салата, 23-годишниот ВСБ/ WSB боксер во средна категорија Раул Санчез оствари два нокадауни на патот до победата против професионалецот од Србија, Геард Ајетовиќ (28-15-1, 14 КО, 2-0-1 NC ММА).
„Мојата тактика секогаш зависи од стилот и вештините на противникот, но не го знаев толку добро Србинот. Мислам дека пронајдов добар ритам и сега може да се радувам на четвртфиналето“, рече боксерот од Доминиканската Република.
Египетскиот супертешкаш од АПБ, Ахмед Самир Абделмоаз Хефни помина во четвртфиналето со победата над Еван Нед од Аруба. Украинскиот ВСБ боксер, Ростислав Архипенко го совлада Американецот Брендон Линч.
Пласамн за Рио ќе обезбедат првите тројца во сите категории, освен за тешки и супер тешка каде што ќе се квалификува само победниците.