Двократната шампионка на УФЦ, Аманда Нунеш, ќе брани титулата во перо категорија против Меган Андерсон на УФЦ 256 на 13 декември.
32-годишниот Бразилка има скор 20-4 во ММА. Таа е во серија од 11 последователни победи и не загубила веќе шест години. Нунеш ја одбрани титулата во перо категорија во јуни годинава со победа над Фелисија Спенсер. Аманда има 17 победи и само еден пораз во последните 14 борби во УФЦ. Двојната шампионка има 5 одбрани на титулата во петел категорија и 1 одбрана во перо.
30-годишната Андерсон е со скор 11-4 во ММА и е во серија од две последователни победи со завршница. Меган е поранешна шампионка во перо категорија на Инвикта. Андерсон заврши 9 од своите противнички и се уште загубила со нокаут во ММА.
https://www.instagram.com/p/CEKsMdIokoy/?utm_source=ig_embed