Шампионот на УФЦ во бантам категорија, Аманда Нуњес, си го зададе следниот предизвик во кариерата. Нуњес пред помалку од еден месец ја освои титулата, но веќе е подготвена за следниот дуел, а таа сака тој да биде против најекспонираната натпреварувачка во организацијата – Ронда Русеј.
Последен пат Ронда ја видовме во акција за време на ММА настанот УФЦ 193, каде што загуби со нокаут од Холи Холм и од тогаш до денес се уште не се знае датумот на нејзиното враќање.
Но кога Русеј ќе се врати во октагонот, Аманда сака да ја пречека. Веста е објваена на социјалната мрежа Твитер од ММА новинарот Ариел Хелвани:
Нуњес сака во следниот меч да се бори со Русеј, но ако таа не се врати во октагонот до крајот на годината, другата опција е Хулијана Пења.