Алварез се откажа од титулата за да има повеќе време за преговори со Головкин

Saul Alvarez nokaut Kan

Саул Алварез изјави дека ќе се откаже од титулата на ВБЦ во средна категорија, бидејќи не сака да биде притиснат од крајните рокови за да го одработи мечот со Генади Головкин.

Од ВБЦ инсистираат до 22 мај Алврез да постигне договор за борба со „ГГГ“. Сепак, Алварез сака да не биде притиснат и да ги почитува наметнати рокови.

„Им реков на менаџерите да продолжат со преговорите за дуел со Головкин, за да може максимално брзо да го завршиме тоа. Освен тоа, ја известија ВБЦ дека ќе ја ослободам титулата. Во целата кариера сум имал мечеви кои никој друг не ги сакал, бидејќи не ми е страв од никого. Ова важи и сега. ќе се борам со „ГГГ“ и ќе го победам, но нема да бидам притиснат зададените крајни рокови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON