Алварез на Мек Грегор: Ќе ти го откорнам срцето и ќе го покажам на публиката

alvarez-konor-vo-kostumi

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Еди Алварез,се огласи две недели пред големиот меч со Конор Мек Грегор на УФЦ 205 во Њујорк.

Алварез смета дека во минатото Мек Грегор покажал дека е подготвен да се откаже, а тој дури додаде дека „ќе го искорне неговото срце и ќе го покаже на публиката“ во Медисон сквер гаден.

„Од она што го видов од порано, неговото срце може серионо да биде ставено во прашање. И не сум јас единствениот кој смета така. Мислам дека тој е подготвен да се откаже. На 12 ноември ќе му го откорнам срцето и ќе го покажам на милиони гледачи и на сите во публиката. Сите ќе го видат. Ќе ја откриеме намерата да се откаже“.

Алаврез даде и конкретна прогноза, точно на кој начин ќе победи во мечот со Мек Грегор.

„Мислам дека ќе ја завршиме средбата пред да поминат девет минути. Ќе му зададам големи, големи удари, при што тој ќе се струполи на подот. Потоа следува сабмишн“.

„Гледам крај, сличен на дуелот му со Нејт Дијаз. Ќе има голем удар, а по него ќе следи и сабмишнот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО