Алпај Демиров (- 60 кг) го совлада Кристофер Спанос од Кипар на Меѓународниот меморијален боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија, Бугарија, кој е во календарот на АИБА.
Демиров победи со поделена одлука на судиите од 3-2 и во осминафиналето се среќава со Ален Ахметовиќ од Хрватска.
„Алпај одлично избоксира. Првата рунда ги испитуваа силите, но беше подобар, додека во втората и третата со два до три удара доминираше. Така во сите три рунди беше подобар кај судиите“, изјави селекторот Петар Чурлиновски по првиот настап на нашите репрезентативци, односно на Демиров.
Судиите гласаа: 30-27, 28-29, 27-30, 29-28 и 27-30.
Утре настапува Елес Асанов (-52 кг) против Тарек Каудухан од Хрватска, а Ѓоше Ѓошев (-54 кг) дитектно се пласира во полуфиналето и ќе се бори со Николај Атанасов (Бугарија).
На овој турнир со префикс на АИБА натсапуваат 180 боксери од 18 држави кои доаѓаат од 4 континенти.
Ipon.mk/В.Д.