Алпај Демиров ќе жали многу што добиенaта борба ја загуби на мелерозен начин на Европското првенство во бокс за јуниори во Анапа – Русија. Демиров загуби од Русланс Залис од Литванија со прекин на докторот.
Како што вели селекторот Петар Чурлиновски во првата рунда бил подобар од противникот, а во втората тргнал силно во напад и ја имал борбата во свои раце.
„Во првата рунда Алпај беше надмоќен и имаше предност. Во втората тргна силно во напад и веќе го совладуваше противникот, прашање на време беше дали ќе падне во оваа рунда или во наредната, но му прокрвари носот. Судијата ја прекина борбата, докторот дозволи да продолжи и кога веќе го газеше противникот пак прокрвари носот, така што лекарот не му дозволи да ја продолжи борбата. Вистинска штета, бидејќи имавме сигурна победа. Сега ни останува уште една шанса – Адрија Аземи во сабота се бори во четвртфиналето и ако победи ќе го освои најмалку бронзениот медал“, изјави Чурлиновски за Ipon.mk.
Вчера Елес Асанов загуби на поени од Давид Кин.
Европско првенство за јуниори:
-52 кг Елес Асанов пораз на поени Давид Кин (Шкотска) – 19 боксери, 1/8 финале
-63 кг Алпај Демиров пораз со прекин од докторот Русланс Залис (Литванија) – 22 боксери, 1/8 финале
+80 кг Адријан Аземи – Тимур Авудијан (Русија)/Вилјам Хоув (Англија) – 15 боксери, ¼ финале (13 октомври, 13 часот)
Ipon.mk