Алистер Оверем сака борби со Розенструик и Дерик Луис

Легендарниот Алистер Оверем ја забележа втората последователна нокаут победа во Лас Вегас. „Рем“ се мачеше, но успеа да го победи Аугусто Сакаи со нокаут во петата рунда. 40-годишниот ветеран сонува за последна шанса за титулата, но знае дека му треба барем уште една победа за да дојде до посакуваната цел. Поранешниот шампион на Прајд, Дрим и К-1 сака да го вклучи и појасот на УФЦ во колекцијата, но тоа нема да биде лесно.

Алистер е подготвен за реванш со Жаирзињо Розенструик кој го победи на крајот на минатата година. Оверем доминираше во борбата, но во последните секунди Розенструик зададе силен удар и го сруши, а судијата ја прекина борбата. Искусниот ветеран е подготвен и за Дерик Луис кој за неколку месеци ќе се бори против Кертис Блејдс.

„Дерик Луис само зборува глупости. Мојот соборец Блејдс ќе го уништи. Со задоволство ќе го направам истото откако ќе се борат со Блејдс. Го уништив Розенструик и му одржав предавање. Мое мислење е дека ова беше лоша одлука од страна на судијата кој ја прекина борбата, затоа што немаше време до крајот.

Немам проблем да направам реванш со него. Веќе се чувствувам како еднаш да го победив. На хартија победи тој, но знае дека го победив. Нема проблем да се направи реванш“, рече Оверем.

https://www.instagram.com/p/CEKiGSqgttA/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON