Алистер Оверем: Можам да го победам Стипе Миочиќ

Легендарниот Алистер Оверем викендов се враќа во кафезот. 40-годишниот борец викендов ќе се бори против Аугусто Сакаи во главната борба на УФЦ Фајт најт 176 во  Лас Вегас. Рем ќе бара втора последователна победа оваа година откако во мај го нокаутира Волт Харис. Оверем победи со нокаут во три од последните четири нокаут.

Тој загуби од Жаирзињо Розенструик во битка што ќе ја добиеше. Жаирзињо го удри силно во последните секунди од борбата и со одлукаан судиите му ја зеде победата. На сите им е јасно дека Оверем е при крај на кариерата и сака последна шанса за титулата. Патот до титулата е прекуз победата над Сакаи.

„Последен марш до титулата. Едвај го чекам овој викенд. Се борам подолго време и имам неколку титули. Недостига една, а тоа е титулата на УФЦ.

Времето ми минува. Само мислам дека можам да се натпреварувам со овие момци и Стипе Миочиќ. Пред 4 години бев многу близу да го поразам. Ќе го победам ако има реванш“, рече Оверемпред мечот со Сакаи.

https://www.instagram.com/p/CEo9ZvsJEcB/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON