Алистер Оверем – Јаирзињо Розенструик на УФЦ на ЕСПН 7

Легендарниот борец Алистер Оверем ќе се бори со опасниот и непоразен Јаирзињо Розенструик во главната борбка на УФЦ на ЕСПН 7, што ќе се одржи на 7 декември во Вашингтон. Првично, Оверем требаше да се бори против Волт Харис, но тој се повлече затоа што неговата ќерка исчезна. Минатиот викенд, Розенструик на УФЦ 244 во Њујорк го среди Андреј Арловски во 29 секунда и веднаш посака да си ги испроба силите против легенда како Оверем.

„Демолишн мен“ има скор од 45-17 во ММА и е во серија од две последователни победи со нокаут. Кон крајот на минатата година го нокаутира поранешниот шампион Сергеј Павлович, кој исто како и Jаиржињо беше непоразен во ММА. Последната победа со нокаут е над Алексеј Олејник во април годинава во Русија.

Розенструик потпиша со УФЦ и дебитираше на почетокот на годината со нокаут над Жуниор Албини, а потоа во јуни за 9 секунди го нокаутира Ален Краудер. Пред неколку дена за 29 секунди го нокаутира Андреј Арловски, па така влезе во серија од 9 последователни победи во ММА. Јаирзињо се уште нема пораз и е во серија од 3 последователни победи со нокаут во УФЦ.

https://www.instagram.com/p/B4d4Ou2HtwD/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON