Алистер Оверем бара реванш средба со Розенструик

Легендарниот Алистер Оверем сака да му се реваншира на Жаирзињо Розенструик. 40-годишниот борец славеше над Аугусто Сакаи и пред неколку дена го победи со нокаут. Така, „Рем“ влезе во серија од два последователни нокаут победи и посака нова шанса против Розенструик. Тие се бореа на крајот на минатата година и Оверем доминираше цело време.

За жал, во последните секунди од натпреварот во 5 рунди, Жаирзињо зададе тежок удар и го испрати Алистер во нокдаун. Овој удар брутално му ја скина усната на Оверем, а судијата ја прекина борбата на 4 секунди пред крајот. Ова не му се допадна на Рем, кој ќе победеше со одлука на судиите.

„Човекот за демолирање“ загуби само една од последните четир битки и чувствува дека не загубил од Розенструик. Затоа  сака реванш за да ги подмири нивните сметки.

„Да, Жаирзињо Розенструик е дефинитивно мојата главна цел. Сè уште имам сметки за подмирување со него. Ми украде нешто. Успеа да ми ја украде победата. Му одржав предавање. Секој го знае тоа, дури и тој. Некако успеа да ја зграби победата и имаме сметки за израмнување.

Всушност, јас сум во серија од пет последователни победи. Така го чувствувам тоа. На хартија не е така и ќе треба да направиме реванш. Да, дефинитивно ќе се согласам на реванш, доколку предложат. Зошто да нема интерес за реванш? Сакам мојата следна битка да биде против него“, рече Оверем.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON