Али Абделазиз: Умар Нурмагомедов може да го собори рекордот на Хабиб

Хабиб Нурмагомедов се повлече како непоразен шампион на УФЦ во лесна категорија со скор од 29-0.

Такво нешто речиси никогаш не се случува во светот на ММА. Неговиот поранешен менаџер Али Абделазиз верува дека има само еден борец кој има шанси да го израмни тој рекорд. Кој е тој борец? Тој борец е Умар Нурмагомедов, кој е братучед на Дагестанецот.

Нурмагомедов веќе постигна импресивен скор од 18-0 во ММА. И сега добива шанса да ја освои својата прва титула во УФЦ. На 18 јануари Умар влегува во кафез во решавачка битка против актуелниот шампион во бантам категорија Мераб Двалишвили. Абделазиз е категоричен за потенцијалот на Умар.

„Тој има талент и менталитет да го оствари тоа. Умар ќе биде шампион и така ќе остане уште долго. Тој е еден од ретките борци кои навистина можат да го оспорат скорот на Хабиб.

Мераб не ја сакаше оваа борба. Тој смета дека Умар се уште не го заслужува тоа, но не можеше да одолее на притисокот. Сите сакаат да ја видат оваа борба“, рече Абделазиз.

Борбата помеѓу Умар и Мераб ќе биде насловна на УФЦ 311. Овој меч ветува дека ќе биде возбудлива борба, во прашање е иднината на дивизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО