Али Абделазиз тврди дека Махачев не е заинтересиран за реванш против Волкановски

Дагестанскиот борец Ислам Махачев (24-1) со едногласна одлука на судиите кон средината на февруари го победи Александар Волкановски (25-2) и го одбрани појасот на УФЦ во лесна категорија.

Иако Австралиецот со македонско потекло неколку пати повтори дека е подготвен за реванш, менаџерот на Ислам, Али Абделазиз смета дека возвратната борба нема смисла, бидејќи веќе се знае како би завршила.

„Што би добил Ислам од тој меч? Ништо. Алекс е премал за Ислам, кој се бореше против него само затоа што беше прв на ранг-листата П4П“, рече Али Абделазиз и додаде:

„Ислам мора да ја одбрани титулата против Бенеил Дариуш, а доколку продолжи да победува тогаш би можел да се пресели во полусредна категорија. Дариуш во моментов е најтешкиот противник за Махачев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON