Ален Рустемовски (19 г.) денес имаше прием кај диеркторот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
„Овој млад битолчанец е надежен, перспективен боксер, кој многу ветува за македонскиот бокс“, напиша на Фејсбук Мојсовски и додаде:
„Заедно со тимот, тренерот Јове Петровски и Боксерската Федерација на чело со претседателот Примислав Димовски и потпретседателот, господин Фатон Салиху, Ален е на добар пат да освојува високи награди и достојно да ја претставува Македонија“.
Мојсовски констатира дека досегашната работа на Ален е импресивна.
Во Регионалната бокс лига имал само еден пораз во две сезони!
Следни за нижење победи се престижните турнири Белградски победник, Балканското и Европското првенство!
Зад Ален стојат низа досегашни победи:
Повеќекратен државен првак на Македонија;
Најдобар македонски боксер на Меѓународниот турнир „Алексо Огненовски“ во Охрид;
Златни медали на меѓународните турнири „Лах Нимани“ во Косово и „Арена куп“ во Македонија. Сребра на „Златен гонг“-Скопје и „Златна нараквица“ во Србија;
Најдобар техничар на Меѓународниот турнир „Независност“ во Косово.