Ален Рустемовски (57 кг) денес ја има првата борба на Европското бокс првенство во У-22 во Будва – Црна Гора. Рустемовски ќе одмери силите со Арманд Куристо Ковач од Унгарија.
Вторииот македонски репрезентативец ќе настапи деновиве.
На шампионатот ќе настапуваат 320 боксери од 38 држави.
Боксерите ќе добијат и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето.
За златен медал наградата е 8 000 американски долари, за сребрениот 4 000 и за бронзениот 2 000, додека за пласман во четвртфиналето се добива по 1 000 долари.