Нокаутот за 12 секунди на нашиот ММА борец Ален Амедовски во саботата на настанот Белатор – Џенова во Италија против Ибрахим Мане од Франција е вториот најбрз нокаут во категоријата (-84 кг) на оваа организација. Побрз од него е само поранешниот шампион Хектор Ломбард.
https://www.facebook.com/zupadijaspora/videos/384976132249328/
Амедовски е во низа од осум победи без пораз и тоа сите со нокаут.
Според менаџерот на Ален, Алекс Данди, тој има голем потенцијал и ќе се погрижи да го направи најдобриот договор што е можно побрзо за голема борба.
Иако Ален имал погрешни потези и ја одолговлекувал кариерата, Данди смета оти сега нема време за губење и дека неговиот потенцијал излегува на површина.
„Ако продолжи вака, нема кој да го запре Ален. Верувајте ми“, вели неговиот менаџер.
Ipon.mk