Алексеј Олејник: Може да се борам уште 10 години

Ветеранот Алексеј Олејник (43) не планира наскоро да замине во пензија.

„Боата задушувачот“ овој викенд ќе се бори против Дерик Луис во главната борба на УФЦ Фајт најт 174 во Лас Вегас. Олејник ќе ја направи својата 74-та борба во ММА и ќе се обиде да забележи 60-тата победа. Нема да му биде лесно против Црниот ѕвер, кој има динамит во рацете.

Олејник е во серија од две последователни победи кои ги забележа оваа година над Грин и Вердум. Алексеј ќе се обиде да ја доведе борбата на партер, каде што со завршница има 46 победа. Искусниот борец вели дека се чувствува добро и може уште долго време да се бори.

„Нема да се борам долго. Можеби 7-10 години. Може да биде една или пет години. Никој не знае. Ако се чувствувам добро, тогаш сум подготвен да се борам. Во теретаната правам спаринзи со млади борци од УФЦ и Белатор. Се чуствувам добро.

Ако почнам лошо да се претставувам против овие момци во салата, тогаш можам да заминам во пензија. Ако не сум подобар од нив, но не сум и полош, тогаш ќе се борам. Ако бидам на средно ниво, ќе продолжам со битките“, истакна Олејник.

https://www.instagram.com/p/CDhPt1-gEq_/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON