Таа не успеа да ја продолжи низата и во финалето во категоријата до 67 килограми загуби од Вивијана Мартон од Унгарија со 0-2. Ова е четврти пат по ред Србија да освојува медал во таеквондо на Олимписките игри. Унгарката беше многу подобра во текот на целиот меч, првата рунда ја доби со 7-1, а втората со 4-2, а Перишиќ само еднаш успеа да израмни и тоа на 2-2 во втората рунда.