Александар Затковски (-66 кг) на Фајт најт чемпион 3 во Велес ќе се сретне со Анто Палавра од Босна и Херцеговина. На Заткоски ова не му е прва ММА борба, но е прва професионална. Тој е млад борец со кариера во подем, кој веќе се има покажано во кик бокс, бразилско џиу џицу и граплинг, кој тренира под менторство на тренерите Ивица Алексовски и Зоран Петковски.
Што знаеш за противникот?
-За противникот многу малку знам, зашто има само една борба во ММА, која ја гледавме и добро го проучивме стилот што го има Анто Палавра. Со мојот тренер (Ивица Алексовски) се подготвувавме скоро цел месец. Можам да кажам дека во мечот ќе влезам сосема подготвен и резултатот треба да биде позитивен со моја победа. Но, никогаш не се знае.
Како се чувстуваш пред борбата?
-Чуството пред секој меч е необично, не може да се опише со зборови. Тука е адреналинот кој ти ги меша мислите.
Што значи за тебе борбата во кафез?
-За мене борбата во кафез е нов предизвик за понатамошни успеси и почеток на профи кариера.
Какво е чувството да се бориш пред 4-5 000 публика?
-Во 2012 имав прилика да се борам пред 5.000 публика, а тоа беше на кикбокс и ММА турнирот во Велес. Чуството не се опишува со зборови.
ipon.mk/В.Д.