Александар Волкановски победата над Брајан Ортега ја посвети на Австралија и покажа почит кон американскиот борец по мечот. Шампионот во УФЦ во перо категорија ја направи втората одбрана на титулата на УФЦ 266 во Лас Вегас со едногласна одлука по спектакуларните и крвави 5 рунди.
„Јас сум нормално човечко суштество. Се е здрава работа. Победата е за Австралија – знам дека минувате низ тешки времиња, победата е за моето семејство и блиските на мене“, беа првите зборови на шампионот.
„Великиот“ го имаше можеби најтешкиот меч во кариерата (22-1-0), двапати беше соборен и трипати имаше закана за завршнивца со принуда.
„Ме фати со прилично сериозни зафати. Се обидов да го пронајдам што е можно повеќе во мојата глава, а тој се врати посилен“, кажа добри зборови за противникот.
32-годишниот австралиски борец со македонско потекло беше исвиркан од салата во Лас Вега, а тој одговори:
„Време е да ме почитувате. Не се сомневај во мене“.
Во исто време, Брајан Ортега се покажа како борец со карактер и висока борбеност. Не се откажа до последниот сигнал и бркаше завршница средбата. Трипати беше близу до тоа.
„Мислев дека е готово. Успеав да го фатам, но е многу тврд. Сакав да му го скршам вратот, да го завршам, а тој се лизна. Не случајно е шампион“, прокоментира 30-годишниот Американец, чие лице беше екстремно отечено, а очите му беа речиси затворени.
„Му кажав многу глупости, но го почитувам и го сакам“, се извини Ортега за закчите во октагонот со шампионот.
Ортега имааше многу силна поддршка од трибините и не пропушти да се заблагодари: „Секогаш сум подготвен овде да направам шоу. Ќе се вратам и ќе надминам се“.