Александар Волкановски се врати дома, од УФЦ му ветиле борба за титулата

Александар Волкановски се врати дома откако неколку дена помина во болница во Чиле. Тој го победи Жозе Алдо со судиска одлука во Бразил, а на пат кон дома добил инфекција која веднаш требало да се лекува.

Волкановски очекуваше да добие шанса за титулата по победата над Алдо, но од УФЦ му дадоа нова прилика на Френки Едгар да се бори со Холовеј на УФЦ 240. Австралиско-македонскиот борец не беше задоволен од таа одлука, но веќе ја проголтал. Сега е дома со неговото семејство кое го пречека на аеродромот.

„Конечно се вратив дома. Семејството ме чекаше на аеродромот. Бев лут кога сфатив дека Холовеј ќе се бори со Едгар за титулата. Мојот план беше да се борам за титулата нешто подоцна оваа година, а од УФЦ ме уверија дека сум неприкосновен фаворит и ќе се борам за титулата оваа година. И посакувам се најдобро на Макс и Френки и немам стрпление да се сретнам со некој од нив во кафезот“, рече Волкановски.

https://www.instagram.com/p/Bxrq4mdDaiJ/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON