„Победата си е победа, иако е на поени, сепак е убедлива. Можеби бев премногу претпазлив, противникот имаше деби во УФЦ, се очекуваше да победам, па не преземав големи ризици. Но, кога ќе почнам да се искачувам во рангот, кога ќе добијам некој од врвните борци, тогаш навистина можам да покажам се од себе“, изјави за ММА Џанки Александар Волкановски за победата над Шејн Јнаг на УФЦ Фајт најт 121 во Сиднеј Австралија.
Ова е третата едно по друго победа на Волкановски во категоријата до 68 килограми, но за претходиот настан во Нов Зеланд а и сега некои противници се откажаа од борбата со него поради повреди.
„Не е до мене, има борци кои се откажуваат. Сите сакаат да имаат перфектен терен за себе, затоа се грижат, ќе имаат тешка борба пред себе. Но, јас верувам дека кога ќе почнам да се борам со врвните имиња, нема да има откажувања и ќе имаме класична борба. Верувам дека тоа ќе се случи“, истакнува Волкановски.
#UFCSydney winner @alexvolkanovski is sick of MMA's bullies: "Try to bully me and see what happens." Full story: https://t.co/6v60MWO9CW pic.twitter.com/KlUGOBfexM
— MMA Junkie (@MMAJunkie) November 20, 2017
Следна борба на Волкановски (29 години) е закажана за УФЦ Фајт најт 221во Перт, во текот на февруари 2018 година.
„Борбите во Австралија секогаш се добри. Системот е „плати па гледај“, не се бунам околу тоа. Таа борба е веќе „зад аголот“, а јас сакам да се натпреварувам што е можно почесто. Го правам тоа за моето семејство, сакам да заработам пари. А на сите тие лоши момци, оние што сакаат да зборуваат многу и да се однесуваат како силеџии кон луѓето, ќе им порачам нешто што постојано го зборувам: обидете се да ме тормозите мене и ќе видите што ќе ви се случи!
Александар Волкановски е поранешен шампион на Австралија во борење, во грчко-римски стил, ММА шампион, а потоа бил рагби играч, кој по потекло е од битолско од село Бренаци, сегашна Општина Могила..
https://youtu.be/BpBTFoXiesQ
.
Ipon.mk