По импресивното враќање во октагонот викендов, каде што ја врати титулата во перо категорија, Александар Волкановски рече дека нема намера да прави долги паузи меѓу борбите и се надева дека ќе зачекори уште два пати во кафезот пред крајот на 2025 година.
Во интервју за ТМЗ, шампионот истакна дека неговата главна цел е да остане активен: „Треба да залечам некои модринки и гребнатини, да ја проценам ситуацијата и да разговарам со УФЦ за да ја организирам следната борба. Дефинитивно ќе имам уште една борба оваа година, единственото прашање е дали можам да направам две”.
Ситуацијата во категоријата „перо“ не е особено јасна. Волкановски веќе се соочи со четворица од петте најдобри борци на ранг-листата, а единствениот што остана – Мовсар Евлоев не важи за атрактивен избор од маркетиншка перспектива.
„Не еднаш го споменав името на Мовсар“, рече Волкановски. „Но, треба да разбереме дали УФЦ ја сака оваа борба, дали гледачите ја сакаат. Сигурен сум дека самиот Мовсар е нетрпелив, но мора да има смисла во оваа борба“.
Доколку УФЦ одлучи дека Евлоев не е доволно „маркетиншки“ атрактивен, шампионот е отворен за други опции. Самиот Волкановски истакна дека со оглед на тоа што има намера почесто да се бори, ова ја отвора вратата за средба и со Мовсар и со уште еден потенцијален претендент во оваа година.