Александар Волкановски пак ќе ја брани титулата против Макс Холовеј

За нешто повеќе од две години Александар Волкановски и Макс Холовеј ќе се борат по трет пат во арената на УФЦ.

Австралиецот со македонско потекло го победи Макс во декември 2019 година и ја освои титулата во перо категорија, а потоа ја одбрани против истиот противник во јули следната година.

Во првиот победи Волкановски со едногласна одлука на судиите, а во вториот славеше против Холовеј со поделена одлука.

Волкановски уште еднаш ја одбрани титулата со победата против Брајан Ортега минатиот септември и сега пристигна нова пресметка против Макс. Холовеј, пак, имаше два меча и ги доби двата – Калвин Катар и Јаир Родригез.

Сега трилогијата е договорена!

Волкановски и Холовеј се договорија да се борат за настанот УФЦ 272 кој ќе се одржи на 5 март во Т-мобиле арената во Лас Вегас.

На истиот настан шампионот во бантам категорија Алџамејн Стерлинг ја брани титулата против Русинот Петар Јан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON