Александар Велики Волкановски против Мек Грегор

Конор Мек Грегор против Александар Волкановски во лесна категорија. Оваа борба има реална основа, затоа што и Ирецот и австралиско- македонскиот борец се заинтересирани за вакво нешто.

Волкановски е шампион во перо категорија на УФЦ, а за да се бори со Мек Грегор треба да ја коригира тежината.

„Би бил апсолутна будала да не прифатам борба со Мек Грегор. Тој е еден од најголемите шампиони во овој спорт и нашата категорија, борбата со него не би била само за пари, многу би ми значело, особено ако го победам“, вели Волкановски, кој има 31 година и во кариерата има 21 победа (11 со нокаут) и само еден пораз.

Мек Грегор сака да се врати во октагонот, а и публиката го сака тоа, па во активна потрага е по соодветен ривал. Засега нема официјални најави кога би се бореле. Иако тој преферира борба на УФЦ 21 во Нов Зеланд, а како еден од можните противници се спомнува и шампионот Хенри Сехудо кој, пак, најави повлекување.

Волкановски иако официјално настапува како Австралиец, се гордее со своето македонско потекло (татко му е роден во битолското село Беранци) и често го спомнува тоа, поради што е омилен кај нашинците на далечниот континент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON