Украинецот Aлександaр Усик се подготвува за боксерски меч на 26 август против британскиот борец Даниел Дубоа.
Светскиот шампион во тешка категорија следи и други случувања во светот на боксот, па деновиве ја коментираше големата борба која ќе се одржи на 29 јули меѓу Теренс Крафорд и Ерол Спенс Јуниор.
Усик верува дека Крафорд ќе го победи Спенс во меч за апсолутен шампион во полусредна категорија.
„Ќе биде голема борба. Ми се допаѓа Теренс и тој е одличен боксер. Ерол е подобар и мислам дека ќе победи“, изјави Александар Усик и прокоментира дека тој и Крафорд често менуваат гард за време на борбата.
„Боксерите гледаат борби и сакаат да го применат тоа на своите натпревари, тоа е нормално. Кога ќе видите некој како прави нешто одлично, тогаш тоа го пробувате и на тренинг. И сте среќни кога ќе успеете да го направите тоа“.
Oleksandr Usyk Predicts Terence Crawford Will Beat Errol Spence https://t.co/m37NqaNH8J pic.twitter.com/ngTFIETgfr
— BoxingScene.com (@boxingscene) July 24, 2023