Александар Усик: Поминувам во тешка категорија (ВИДЕО)

Неприкосновениот светски боксерски шампион во лесно-тешка категорија Александар Усик објави дека ќе оди во тешка категорија.

Усик објави дека го ослободува шампионскиот појас на Светската боксерска асоцијација (ВБА) и нема да излезе во рингот против задолжителниот предизвикувач Денис Лебедев (Русија).

„Оваа борба нема да се случи, бидејќи јас и мојот тим решивме да поминам во тешка категорија“, рече 32-годишниот Украинец.

Тој не прецизираше дали се откажува од шампионските појаси во другите три верзии ИБФ, ВБЦ и ВБО.

https://www.instagram.com/p/BvUcid6HdLC/?utm_source=ig_embed

Усик ги обедини сите светски титули во лесно-тешка категорија во јули минатата година, по победата на поени над Рускинот Мурат Гасиев во Москва.

Некое време подоцна објави дека размислува да помине во најтешката категорија, но во ноември ги одбрани ги  одбрани титулите откако во осмата рунда го нокаутира Британецот Тони Белју во Манчестер.

Усик, олимписки шампион во тешка категорија од Лондон 2012, има 16 победи во 16 меча на професионалниот ринг, од кои 12 со нокаут.

https://www.instagram.com/p/Bvhqspvgijx/?utm_source=ig_embed

На 18 мај ќе дебитира во тешка категорија против Карлос Такам на настанот Вајлдер – Бризил.

https://www.youtube.com/watch?v=R9RYZz-S9pQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON