Александар Усик по боксерската продолжува со фудбалска кариера

Непоразениот шампион во тешка категорија Aлександр Усик, покрај боксот, сака да игра и фудбал, а во помладите денови тренираше за Таврија Симферопол.

Во јули 2023 година потпиша професионален договор со украинскиот фудбалски клуб Полисија од Житомир, кој потоа ја сподели информацијата со навивачите на социјалните мрежи.

Усик влезе како замена во 76. минута на пријателскиот меч против Вереш, кој неговиот клуб го доби со 2-1.

Играше во нападот и имаше една шанса, но не успеа да постигне гол. Неодамна откри дека сака повторно да игра за својот клуб и да се повлече од боксот.

„Ќе ја продолжам кариерата како фудбалер. Јас сум играч под договор со украинскиот тим Полисија“, изјави Александар Усик во поткастот на Ринг и продолжи:

„Играат во највисоката лига, а во последниот натпревар го победија Шахтјор Доњецк. Отсекогаш сум бил навивач на Динамо Киев, татко ми секогаш ме носеше на нивните натпревари. Имаат долга историја, но Полисија ми даде шанса и потпишав договор. Би сакал еден ден да постигнам гол против Динамо“.

Александар Усик моментално одмара откако минатата година двапати го победи Тајсон Фјури.

Украинецот го победи Џипси Кинг во мечот за апсолутен светски шампион во средината на мај, а потоа и во реваншот на крајот на годината за појасите на ВБЦ, ВБО и ВБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО