Украинскиот тешкаш Александар Усик го победи Ентони Џошуа двапати, во септември 2021 година на стадионот на Тотенхем кога му ги зеде шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, а потоа 11 месеци подоцна во реваншот.
По поразот на вториот меч кој се одржа во Саудиска Арабија британскиот боксер доживеа психички слом и многумина останаа во неверување поради неговото чудно однесување.
Камерите го следеа изливот на емоции на Ентони, на кој му претходеше фрлање на појасите и луто заминување од рингот, па назад, па го зеде микрофонот и почна да се справува со критичарите.
Зборуваше за своето минато, а повремено застануваше и бараше овации за Усик, кому исто така сето тоа му беше малку чудно.
Прво, пријателите на Џошуа се извинија за неговиот испад, а потоа и самиот на прес-конференција изјави дека бил лут и пукнал под притисок.
Тој подоцна се извини за своето однесување на социјалните мрежи.
Усик оттогаш имаше само една борба, лани го победи Даниел Дубоа со нокаут во деветтата рунда и по вторпат ги одбрани шампионските појаси.
Следниот месец го очекува најголемиот меч во кариерата. На 18 мај во Саудиска Арабија ќе боксира против Тајсон Фјури во меч за апсолутен шампион во тешка категорија.
Во изјава за Секандс аут откри дали би го прифатил извинувањето на Џошуа за неговото однесување по вториот меч.
„Да секако. Длабоко сочувствувам со Џошуа, бидејќи го почитувам. Тој е голем човек, одличен боксер, вистинска личност, олимписки победник и двократен светски шампион. Тогаш го понесоа емоциите, но немам никакви проблеми со него. Навистина го почитувам“, изјави Александар Усик, а на прашањето дали би побарал од Еј Џеј лично да му се извини, тој одговори:
„Не, добро сум“.