Александар Усик очигледно нема намера да се меша во претстојниот мега-судир меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури во 2021 година, иако тој е официјален предизвикувач за еден од појасите на Еј Џеј – оној на Светската боксерска организација (ВБО). Промоторот Френк Ворен рече дека работи на организирање борба меѓу Усик и Џо Џојс, за да биде „конечна елиминација“ за титулата.
„Се чини дека дуелот на Усик со Џојс ќе биде последната елиминација за појасот на ВБО, а токму тоа е битката на која работиме во моментов“, изјави Ворен за неколку онлајн медиуми, вклучувајќи ги и ИФЛ ТВ и Секандс аут.
Усик и Џојс се бореа во полутешка категорија во 2012 година, победи Украинецот со нокаут во петата рунда, но сега „акциите“ на Џојс значително се зголемија по победата над британскиот талент во подем Даниел Дубоа.
Не се знае дали и точно каков надомест добил Усик од промоторот на Џошуа – Еди Херн, за да не се меша во плановите за мечот со Фјури.