Александар Усик: Мотивацијата доаѓа и си оди, но дисциплината секогаш останува

Александар Усик се врати во рингот и со нетрпение очекува уште една борба за титулата. Наскоро ќе се соочи со Даниел Дубоа во борба за обединување на титулите во тешка категорија. Сепак, се чини дека неговиот ум веќе е на нешто друго. Усик сака да види можна борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

„Мачката“ дури вели дека се моли за тоа. Усик открива дека сака да се бори само уште две борби пред да ја заврши кариерата. Го сака боксот, но исто така мисли на семејството и на иднинато. Неговиот сон? Фјури и Џошуа да се соочат пред полн стадион.

Во интервјуто за „Стомпинг граунд, Усик вели дека е неправедно што Дубоа веќе ја држи титулата на ИБФ.

„Дубоа ми го зеде појасот. Не сакам да зборувам за првата борба бидејќи беше пред три години. Тоа е минато. Не знам зошто Дубоа одлучи да ме турка. Можеби затоа што не изгледав лут“, рече Усик.

Пред камера, Усик вели дека му се моли на Бога да овозможи борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

„Се надевам дека ќе се снајдат. Ќе биде одлична борба. Фјури вели дека е во пензија, но продолжува да тренира. Тој е голем човек, многу зборува, но сепак е борец“, рече Усик.

Усик споделува животни лекции за дисциплина, глупави луѓе и мотивација. Интервјуто завршува со лична нота. Што го нервира Усик? Глупави луѓе кои се премногу мрзливи за работа. Луѓе кои само се жалат дека немаат шанса.

„Имате раце, нозе, очи. Станете, одете на работа или одете на учење. Мотивацијата е како жена. Доаѓа и си оди. Но, дисциплината секогаш останува“, заклучи Усик.

Борбата со Дубоа ќе биде претпоследна за Усик. После неа, планира трилогија со Тајсон Фјури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON