Украинскиот боксер Александар Усик објави дека во рок од три години ќе ја заврши професионалната кариера.
Усик е шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО и Ринг. Украинецот има 20 победи во 20 борби во професионалниот бокс, од кои 13 со нокаут. Усик на 26 август ќе се сретне со Британецот Даниел Дубоа во Вроцлав (Полска).
„Не знам уште колку ќе се борам се додека Господ ми дава сила, но да бидеме реални. Мислам дека две-три години. Не може да ги заработите сите пари на светот.
Сакам да ги видам моите деца, момчињата да пораснат и сега да им се даде тоа што треба да го добијат од нивниот татко. Што ме мотивира денес? Мојата сопруга, кога ќе се јави и ќе каже колку ме сака“, изјави Усик за РИА Новости.
На 20 август 2022 година во Џеда (Саудиска Арабија) Усик го победи Британецот Ентони Џошуа (26-3) со поделена одлука (116:112, 115:113, 113:115). Тоа беше втора последователна победа на Усик над Џошуа.
View this post on Instagram