Александар Усик и Тајсон Фјури ја коментираа победата на Дубоа против Џошуа

Британската пресметка на Вембли пред 96.000 гледачи меѓу Даниел Дубоа и Ентони Џошуа привлече голем интерес кај боксерската јавност.

На преполниот стадион во Лондон меѓу гледачите кои беа сведоци на големата победа на Дубоа беа и двајцата врвни тешкаши, Aлександaр Усик и Тајсон Фјури.

Даниел Дубоа во петтата рунда го нокаутира Ентони Џошуа и ја одбрани титулата на ИБФ, а сега следната година би можел да добие меч за апсолутен шампион во тешка категорија, односно борба против подобриот од дуелот Усик – Фјури, кој ќе се одри во декември. .

„Ништо не ме шокираше, тоа е бокс. Дубоа овој пат беше подобар“, беше краток Александар Усик беше, па се надоврза неговиот менаџер Александар Красјук:

„Џошуа очигледно имаше повеќе проблеми. Не се надевавме на тоа. Десната рака му беше на градите и му даде шанса на Дубоа. Секој боксер би ги искористил грешките во неговиот гард“.

Свое место во публиката имаше и Тајсон Фјури, кој беше воодушевен од настапот на Дубоа.

„Тој заврши одлична работа, чест на младиот Даниел. Сите го отпишаа. Тој влезе како шампион на ИБФ и сите го третираа како да е никој и ништо. Покажа од што е направен. Беше фантастичен“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Во тешка категорија доволен е еден момент невнимание, добра десна кука до брадата и тука е крајот. Се случуваат глупави работи. Еден удар и ти си паднат. Секому може да му се случи. Во тешка категорија, секогаш сте на еден удар од нокаут“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON