Боксерскиот шампион Александар Усик следната борба би требало да ја има против Британецот Даниел Дубоа.
Имено, откако пропаднаа преговорите за мечот против Фјури, Украинецот веднаш се сврте кон преговори со задолжителниот предизвикувач на ВБА.
Преговорите се уште се во тек, а деновиве менаџерот на Усик, Александар Красјук откри потенцијална локација за нивниот натпревар.
Красјук разговара со раководството на Нокаут промоушнс.
„Се сретнав со братот Анджеј Василевски за да разговараме за можностите летово да се организира меч меѓу Усик и Дубоа во Полска“, објави Александар Красјук во пораката на социјалните мрежи.
Oleksandr Usyk’s promoter Alex Krassyuk having meetings today to discuss the possibility of staging the Daniel Dubois fight in Poland… pic.twitter.com/gNFFXi3TjJ
— Ring Magazine (@ringmagazine) April 26, 2023