Не е само Тајсон Фјури кој треба да излезе подобар во нивниот реванш доколку сака да победи. Иако во првиот меч беше подобриот боксер, Усик мора да биде подготвен и за подобра верзија на Тајсон Фјури таа вечер, бидејќи „Кралот на Ромите“ сигурно ќе дојде многу мотивиран да му се реваншира за единствениот пораз.
Доказ дека и тимот на Усик бил свесен за ова се зборовите на директорот на тимот на Усик, Сергеј Лапин. Лапин во вчерашното интервју за Токспорт зборуваше за тоа што се промениле во однос на минатиот пат, а најинтересен е научниот пристап кон тренинзите и закрепнувањето:
„Најважен напредок беше во интегрирањето на научниот пристап во процесот на овие подготовки. Како резултат на тоа, донесовме светски експерти од областа на спортската наука и спортската медицина на овој камп“, започна Лапин, а потоа објасни:
„Тие се фокусираа на оптимизирање на физичките и когнитивните перформанси на шампионот преку напредно следење и истражување, планирање дневни распореди, програми за тренинг, исхрана и вежби за подобрување на функцијата на мозокот. Тоа е нешто на што тој е апсолутно посветен и ќе видиме што ќе се случи понатаму. По победата тој сигурно ќе се врати дома и ќе помине време со семејството и пријателите“.
Ќе видиме како новите методи на овие подготовки влијаеле на Усик, а тестот ќе го има веќе во сабота навечер. Речиси е сигурно дека и Тајсон Фјури ќе донесе подобра верзија од себе отколку што беше случајот на нивниот прв меч, но Усик со право е фаворит. Дали Фјури може да ја реши големата енигма наречена Александар Усик ќе дознаеме во сабота навечер.