Светскиот шампион во тешка категорија Александар Усик добро ги познава Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, бидејќи се бореше со нив вкупно 48 рунди.
Усик првпат се соочи со Џошуа во септември 2021 година, кога го симна Британецот од тронот и ги освои титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ, кои ги одбрани во реваншот една година подоцна.
Украинецот го победи Даниел Дубоа со нокаут во деветата рунда во август 2023 година, а потоа ги обедини титулите во кралската дивизија во мај 2024 година.
Со поразот на Џипси Кинг, тој ја додаде титулата ВБЦ во својата колекција на титули, станувајќи првиот неприкосновен шампион во тешка категорија во ерата на четири појаси.
Нивниот реванш се случи во декември откако Усик го ослободи појасот на ИБФ, кој му припадна на Дубоа, а Украинецот беше уште поубедлив на тој меч.
Непоразениот Усик сега ја чека следната борба, која најверојатно би била повторно обединување на појасите, поточно меч со Даниел Дубоа.
Фјури и Џошуа беа поврзувани извесно време во евентуален судир, но Џипси Кинг на почетокот на годината најави крај на кариерата.
Некои фанови се уште се надеваат дека Тајсон може да се премисли и да се врати во рингот во дуелот против Еј Џеј.
Усик неодамна даде своја прогноза за можен меч во големата британска пресметка меѓу Фјури и Џошуа и го одбра својот фаворит.
„Можеби Ентони Џошуа. А би победил на поени“, рече Александар Усик.