Светскиот боксерски шампион во тешка категорија Александар Усик (22-0, 14 КО), носител на титулите ВБО, ВБА и ВБЦ, останува на врвот на ажурираната ранг-листа „П4П“.
Непоразениот украински борец ја покажува својата доминација во сите тежински категории.
Американскиот боксер Џеси Родригез, кој минатиот викенд го нокаутира Мексиканецот Хуан Франциско Естрада, направи значителен напредок на ранг-листата П4П, скокајќи од деветтото на петтото место.
На второто место е Јапонецот Наоја Инуе, пред Американецот Теренс Крафорд и Канело Алварез.
П4П рангирање:
1.(1)Александар Усик
2.(2)Наоја Инуе
3.(3)Теренс Крафорд
4.(4)Сол Алварез
5.(9)Џеси Родригез
6.(5)Артур Бетербиев
7.(6)Дмитри Бивол
8.(7)Џервонта Дејвис
9.(8)Ерол Спенс
10.(10)Јунто Накатани
Усик неодамна објави дека ја напушта титулата на ИБФ, за која на 21 септември на Вембли ќе се борат Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.
Украинецот го загуби статусот апсолутен светски шампион, а Дубоа по триумфот против Филип Хрговиќ го освои привремениот појас кој сега го замени со вистинска титула шампион на ИБФ.