Петмината носителите на медали од Светското првенство во борење слободен стил за ветерани што се одржа во Скопје во септември велат дека се запоставени и дека никој во Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) не им обарнал внимание за најголемиот успех на светските првенства за ветерани, а наградите останале само ветување.
На СП за ветерани Македонија освои пет медали – 3 сребрени и 2 бронзени. Сребрените медали ги освоија Трајан Ангелов, Александар Стојанов и Рамадан Шабани, Игор Мицевски и Иса Фејзула се зкаитија со бронзи.
„Ние сме разочарни! Како ништо да не сме направиле за Федерацијата и државата, никој не издвои време за нас, односно да направи прием. Креваат раменици и велат дека отплаќаат стари долгови“, вели Александар Стојанов кој се уште е активен борач.
Стојанов истакнува дека петмината борчаи жалат што мора вака да реагираат.
„Изгубивме многу време во борењето. Сите сме медалисти и бараме на некој начин да бидеме наградени. Не само да ни кажат браво и да се сликаат со нас, и толку. Без разлика дали е пионер или ветеран, сите сме посветиле време на борењето и сме жртвувале многу од нашиот живот. Жал ми е што мораме вака да реагираме, но заслужуваме повеќе од едно браво“, категоричен е Стојанов, истакнувајќи дека до сега не примиле никаква награда.
Ги побаравме надлежните од ФБСМ во врска со реакцијата на борачите ветерани кои освоија медали на СП, но беа недостапни. Сепак, чекаме одговор и од нив.
Ipon.mk