Александар Ракиќ по операцијата: Ништо не ме боли, се помина совршено

Александар Ракиќ го повреди коленото на мечот против Јан Блахович на настанот на УФЦ кој се одржа минатиот викенд во Лас Вегас.

Српскиот борец го повреди коленото на почетокот на третата рунда, па едноставно седна на земја со болна гримаса на лицето. Судијата ја прекина борбата.

Ракиќ во петокот беше опериран во Виена, а денеска беше пуштен на дома. Тој ги контактираше своите фанови на својот Инстаграм профил, а објави и неколку фотографии.

„Веќе денес можам да си одам дома, ништо не ме боли и сè помина совршено. Др. Лиска пред седум години ми го оперираше левото колено кое до ден-денес ги издржува сите напорни тренинзи и беше јасно дека мора повторно да ме оперира тој. Ви благодарам д-р Михаел Лискa за брзата и професионална операција“, напиша Александар Ракиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON