Александар Поветкин со прекин го победи Мариуш Вах (ВИДЕО)

povetkin wach

Првиот предизвикувач за светски првак во ВБЦ во тешка категорија, Александар Поветкин, го згази и гигантот Мариуш Вах од Полска. Тие се сретнаа на галавечерта во Казан, Русија.

Во почетокот на средбата Полјакот успеваше да држи на дистанца. Од петата рунда олимпискиот шампион од Атина 2004 успеа да го скрати растојанието и да постигнува многу моќни погодоци. Сепак, Вах не се предаде и дури ја отвори аркадата над окото на фаворитот во мечот.

По деветата рунда Поветкин тргна да го откаже својот противник. Русинот му го среди лицето на повисокиот противник. На паузата пред последата рунда докторот му препорача на судијата да го прекине мечот поради повредите на лицето на Вах. Тоа и се случи, а Поветкин ја забележа четвртата последователна победа со нокаут (30-1, 22 KO) по единствениот пораз во кариерата од Владимир Кличко. Вах го регистрираше вториот пораз (31-2, 17 KO).

https://youtu.be/CuoMQyK7aTI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО