Александар Волкановски (20-1, 7-0 УФЦ) ja продолжува брилијантна низа во најсилната MMA промоција во светот.
Откако во претходната борба го нокаутира Чад Мендес, австралиско-македонскиот борец на гостински терен го победи поранешниот шампион во перолесна категорија Жозе Алдо (28-5, 10-4 УФЦ).
Во борбата водена на нозе, Волкановски мудро се бореше и дојде до победа со едногласна одлука на судиите со која го подобри својот скор на 7-0. На Алдо ова му беше првиот пораз на поени во текот на цеаата кариера.
„Јас сум следениот предизвикувач 100 отсто. Јас сум единствениот кој е без пораз во топ 3 и мора да бидам на прво место. Да го средам“, изјави Волкановски по мечот со Алдо.
Во топ 3 борците во оваа категорија уште се Брајан Ортега и Френки Едгар.