Александар Македонски повторно владее со светот (УФЦ)

По пет рунди голема борба, Александар Волкановски со едногласна одлука на судиите го победи Диего Лопез и го врати шампионскиот појас.

Откако Илија Тупурија реши да ја напушти оваа перо категорија и да се качи во потешката, Алекс Волкановски доби шанса во борба со Диего Лопез да си ја врати титулата.

Борецот со македонско потекло тоа максимално го искористи, го доби мечот со Лопез и повторно е шампион.

Волкановски беше максимално концентриран од првата до последната минута на оваа борба. Алекс зададе многу повеќе удари, имаше повеќе добри моменти и на крајот го доби мечот со едногласна одлука на судиите.

Диего Лопез имаше неколку свои периоди во кои го раздрма Волкановски, но тоа не беше доволно за да го совлада големиот борец.

Одлуката на тројцата судии беше едногласна 48-47, 49-46, 49-46.

Во борбата за титулата, Педи Пимблет ја продолжи успешната серија и убедливо стигна до седмата победа во УФЦ. Фантастичниот Англичанец го совлада Мајкл Чендлер со прекин во третата рунда.

Клучниот момент дојде по доминацијата на Пимблет во која му нанесе голема штета на Американецот. Во еден момент Чендлер само се покри со рацете и веќе немаше сили активно да се брани, па судијата ја прекина пресметката.

„Што имате да кажете сега“? – Педи Пимблет пукаше во камерата по мечот и со тоа испрати порака до критичарите кои сметаат дека се уште не се борел со вистински борец.

Поранешниот привремен шампион во перо категорија Јаир Родригез ја прекина серијата од два порази со едногласна одлука на судиите го совлада Патрицио Питбул.

Во главниот дел од програмата, во уште една борба во перо категорија, Жан Силва го победи Брајс Мичел со завршница (нинџа давење) во втората рунда, додека во полутешка категорија, Доминик Рејес го победи Никита Крилов со нокаут во првата рунда.

Настан УФЦ 314:

Александар Волкановски – Диего Лопез – едногласна одлука на судиите (48–47, 49–46, 49–46)
Педи Пимблет – Мајкл Чендлер – ТКО (лакти и удари), Р3 (3:07)
Јаир Родригез – Патрицио Питбул – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Жан Силва – Брајс Мичел – завршница (нинџа давење), Р2 U3:52
Доминик Рејс – Никита Крилов – КО (удар), Р1 (2:24)

Воведни борби:

Ден Иге – Шон Вудсон – ТКО (удари), Р3 (1:12)
Вирна Џандироба -. Јан Шаонан – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Чејс Хупер – Џим Милер – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Џулијан Ерос – Дарен Елкинс – ТКО (удари), Р1 (4:15)
Михал Олексејчук – Седрик Думас – ТКО (удари и лакти), Р1 (2:49)
Су Мудаерџи – Мич Рапосо – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Марко Тулио – Тресеан Гор -ТКО (удар), Р2 (3:16)
Нора Корнол – Хејли Кауан – завршница (гушење одзади), Р2 (1:52).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON