Александар Кесковски освои сребрен медал на Балканскиот кендо куп во Турција, трет за Македонија

Александар Кесковски го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција на Балканскиот кендо куп во Истанбул, Турција, што е голем успех за него.

Со среброто на Александар македонската репрезентација освои вкупно три медали откако вчера сениорската и јуниорската екипа се закитија со бронзи.

За жал, по исцрпувачка 20-минутна борба Владимир Кесковски беше поразен во четвртфиналето со енчо и така остана без медал.

Од нашиот табор велат дека имале одличен настап на сите репрезентативци и се задоволни од оставрените резултати.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON