Долгогодишниот шампион на ВБЦ во полутешка категорија Адонис Стивенсон ја загуби борбата против Украцинецот Александар Гвоздик во Квебек, Канада. Неколку часа по средбата менаџерот на Адонис, Ивон Мишел, изјави дека боксерот е во критична состојба и е во болница. Во моментов неговата состојба е стабилна, но тој е во вештачка кома и во моментот сите се молат за него. Денес неговиот противник Гвоздик покажа високо ниво и почит и испрати порака до неговиот противник, и го повика да не се предава.
„Ова е порака до Адонис Стивенсон. Адонис, ти си силен човек и продолжи да се држиш и да бидеш силен. Ти посакувам скорешно закрепнување и знам дека ќе се оправиш“.
👏 Oleksandr Gvozdyk with a message for last weekend's opponent Adonis Stevenson, who is currently in an induced coma (stable) following their fight
Class act!
(📱 Insta: alex_gvozdyk) pic.twitter.com/vkbwLaKTKk
— The Sportsman (@TheSportsman) December 4, 2018
Александар успеа да го нокаутира во 11-тата рунда и му го нанесе првиот пораз по 8 години.