Александар Ефтимов: Мила освои злато на Европското клупско првенство, од АМС можеа да не повикаат или да не информираат за изборот Спортист на годината

„Покрај најуспешната сезона со златен медал од Европско клупско првенство, 9-то место на Светско првенство, 11 на светска таеквондо ранкинг листа, уште многу медали од најсилните Г2 турнири, изборена А норма за Европските Олимписки игри 2023, Мила Рељиќ, за жал, не успеа да се закити со титулата најуспешна спортистка во Македонија“, пишува на Фесбук тренерот на Мила, Александар Ефтимов во врска со синоќешниот избор Спортсист на годината.

„Имено, таеквондо вежбаат повеќе од 50 000 000 вежбачи во светот! Конкуренцијата е извонредна, но се надеваме следна година на уште подобри резултати! Честитки за прворангираните спортисти!“, истакнува Ефтимов и забележува:

„Барем можеа да не повикаат или да не информираат од Агенција за млади и спорт за изборот. Јас како личен тренер вестите ги добивам од медиуми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON