Од годинава Боксерскиот клуб Пелистер ќе го враќа сјајот на боксот во градот на конзулите. Битолскиот клуб ќе настапува годинава ќе настапува во Првата и Младинската лига на Македонија. Минатата година боксерите од Битола настапуваа за Пинк Пантер од Штип и имаа забележителни резултати.
Што значи ова за битолскиот бокс? Дали е враќање на старите патеки кога се живееше за овој спорт? Ќе излезе ли некој нов шампион? Се поставуваат многу прашања, а упорноста на Александар Димовски – Димса, Александар Најдовски – Сканта и на тренерот Златко Мурџевски го оживеаја боксот во Битола, резултатите ќе бидат плод на големата ангажираност и работа на овие луѓе, но и на боксерите.
Претседател на клубот е Најдовски кој и ќе се натпреварува, Мурџевски е тренер, додека Димовски помошен тренер.
„Сите боксери се будно следени од страна на Мурџевски и со мал труд се донесени во солидна форма“, вели Димовски и додава:
„Сите ја знаеме историјата на боксот во Битола, какви врвни имиња излегле од овај клуб и град, па, со оглед на тоа, ќе пробаме да вратиме дел од старата слава на овај клуб, иако спрема состојбата, општо на спортот во државата, тоа е невозмозно. Сепак, ние ќе се обидеме барем да се доближиме до тие резултати и успеси“.
Димса истакнува дека конечниот список на боксери не е дефиниран, но дека Пелистер ќе настапува со 7-8 боксери во различни категории и возраст.
Димовски е претпазлив во врска со пласманот во Првата и Младинската лига, односно дали ќе одат на висок пласман.
„За старт, нема да брзаме и предвреме да целиме на каквибило позиции. Исто така, доволно сме свесни за тоа колку квалитетни боксери поседуваме. Па, со работа и посветеност резултатите ќе си дојдат“, категоричен е Димовски
Ipon.mk/В.Д.