Александар Димовски – Димса утре е пред голем предизвик на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“, официјални квалификации за азиската промоција ОНЕ Чемпионшип која зема се поголем замав во кикбоксот и ММА. Димовски во полуфиналето ќе се сретне со Никола Филиповиќ од Србија.
Покрај Димовски и Филиповиќ на турнирот ќе учествуваат Анто Шириќ од Хрватска и Мирослав Вујовиќ од Црна Гора. Победникот оди на завршниот турнир на осумината, а победникот на целиот турнир потпишува договор со ОНЕ.
Димовски вели дека ги познава противниците и дека со Вујовиќ два пати се борел и резултатот е 1-1, а за противникот во полуфиналето Филиповиќ истакнува дека е светски и европски првак во ВАКО.
Уште еден голем предизвик во професионланта кариера. Кои се твоите очкувања на турнирот на четирмината на Роуд ту ОНЕ?
-Да, навистина е голем предизвик. Пред се, затоа што поголемиот дел од подготовките ги изработив во карантин со затворени клубови, без тим за тренинг.
Како дојде до овој меч?
-До мечот дојде на покана на председателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Макеоднија, Дејан Митровски – Урко. Јас ги прифатив условите и се радувам на нашата соработка.
ОНЕ е голем предизвик, поради тоа што оваа азиска промоција по вложувањето сака да се доближи до УФЦ и Белатор. Дали ова е дополнителен предизвик за тебе?
-Чест ми е да сум дел од ваков турнир. ОНЕ е најголемата азиска организација која нуди К-1, ММА и мај тај во своите настани и навистина брзо се шири низ светот.
Што стана со шампионскиот меч во Кинг оф д кингс, кој се одложи поради коронавирусот?
-КОК се одложи, како што знаете. Потоа работите не течеа како предходно. Тие продолжија свои настани, јас по својот план.